Стоилов: Останувам во Врдар, следат нови предизвици

 

Многу шпекулации кружат околу името на капитенот на Вардар, но тој демантира преселба од Скопје и потенцира дека има нов договор со клубот на уште две години, пишува „Вечер“

-Тоа е се „жолта штампа“. Нема ништо околу тоа. Продолжен ми е договорот на две години и тука сум. Сега следи предизвик во Купот на Македонија и Келн. Сакаме да ги освоиме двете титули и да ги израдуваме луѓето кои не сакаат, дециден е македонскиот репрезентативец.

Вардар претстојниот викенд го очекува и одбрана на трофејот во Купот на Македонија, на завршниот турнир што ќе се одржи во Битола.

Веќе на 26 и 27 мај во Келн се игра „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите, каде македонскиот клуб е бранител на европската титула и во полуфиналето ќе се соочи со Монпелје.

 

 

 

16.05.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа