Страшна несреќа во Македонија: Се судрија автобус полн патници и автомобил, има повредени

 

Во 19,00 часот синоќа било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево после мостот кај влезот за селото Горенци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шевролет“ со скопски регистерски таблици управувано од 55-годишниот K.Х.Х. од Скопје и автобус “Ивеко“ со охридски регистерски таблици управувано од 57-годишниот Ч.К. од Охрид. .

Со телесни повреди се здобил возачот на автобусот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен  во болницата “Свети Еразмо“.

Со телесни повреди се здобила и 21-гоидшната И.Ќ. од Охрид која исто така со возило на Итна медицинска помош пренесена била во болницата “Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.07.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа