Студениoт бран го донесе и првиот снег - еве каде вее во моментов

На планините Златар и Копаоник во Србија заврна првиот снег . Студениот бран кој се спушти над регионот условува константни слаби врнежи од снег на овие врвови.

Врвот на планината Златар, Голо брдо на надморска височина од 1627 метри денеска целосно обеле , а иста е сликата и на планината Копаоник.

Температурата на Златар се спушти на неколку степени под нулата , а според изјавата на шумарот Гроздимир Грбовиќ , има неколку сантиметри снег , а во 11 часот температурата била околу нулата

На оваа планина , според хроничарите не паѓал снег само во јули. Најрано заврнал снег на 19 август и тоа пред 70 години .

Ноќеска обеле и Копаоник , каде исто има неколку сантиметри снег.  Вчера снег падна и на палнините во Босна и Херцеговина.

Ова не е прв снег годинава во регионот. Пред неколку недели снег беше регистриран на словенечкиот дел од Алпите.

 
 

 

 

25.09.2018 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега