Судот во Солун денеска ќе одлучува за екстрадацијата на Грујовски и Бошковски во Македонија

 

Судот во Солун денеска ќе одржи рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.

Минатото судско рочиште беше одложено поради отсуство на адвокат од адвокатскиот тим на Грујевски и на Бошковски. 

Грујовски и Бошковски се притвор во затвор во близина на Солун. Ним им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.

Ова судење е одвоено од постапката за екстрадиција. Тоа досега беше двапати одложувано бидејќи Судот во Солун не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно. 

 

 

 

13.12.2017 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа