Тешка несреќа ја разбуди Македонија: Излетале од патот и се превртеле

 

Околу три часот по полноќ било пријавено дека во Кичево на улицата „Маршал Тито“ патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ управувано од 22-годишниот А.Р. од Кичево излетало надвор од коловозот и се превртело. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Л.Р.(18) кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

21.07.2018 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега