Тетово: Слушнала тропање во домот и отишла да провери - и вперил пиштол, па избегал

 

Полициски службеници од СВР Тетово го приведоа 19-годишниот Ј.Ќ. од село Нераште поради извршена разбојничка кражба во текот на вчерашниот ден.

На 22.06.2018 година околу 06:30 часот во село Отушиште-Тетово, во семејната куќа на 69-годишната В.Ѓ  разбојник извршил разбојничка кражба, на тој начин што  преку незаклучената влезна врата влегол внатре во куќата и почнал да пребарува во просториите на првиот кат. 

Во тоа време, В.Ѓ. била во дворот на куќата и во моментот кога се обидела да влезе внатре, забележала дека вратата од куќата била отворена и слушнала тропање на катот. Се качила горе, при што го затекнала сторителот, кој вперил пиштол кон неа, а потоа побегнал. Од страна на униформирани полициски службеници во село Нераште бил пронајден сторителот, утврден е неговиот идентитет, се работи за Ј. Ќ. од село Нераште. 

Кај Ј.Ќ. бил пронајден и одземен еден гасен пиштол марка „МД 92ФС Блоубек“. По документирањето на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

 

23.06.2018 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега