Трикови за готвење со кои храната ќе ви изгледа како од ресторан

 

Понекогаш се трудиме да готвиме баш онака како што готват професионалните готвачи на ТВ емисиите и во рестораните.

За таа цел, можете да почнете од неколку едноставни трикови:

1. Место, кога го пржите не го превртувајте многу често, ако сакате на крајот да биде крцкаво и сочно.

2. Никогаш не пржете храна на свежо цедени масла, бидејќи на високи температури почнува да гори и никогаш нема да биде вкусна.

3. Расипаните јајца секогаш испловуваат на површината, а свежите се секогаш на дното од чашата наполнета со вода.

4. Никогаш не го јадете месото веднаш штом ќе го зготвите, оставете малку да отстои за да се стабилизираат соковите во него и потоа фатете се на јадење.

5. Највкусна риба на скара се подготвува ако под неа наредите свежи парчиња лимон – соковите се задржуваат во самата риба и плус, ќе го чувствувате мирисот на лимон.

 6. Ако имате залепени билки на ножот, истите најлесно ќе ги исчистите ако на ножот посипете малку сол.

7. Ако итно ви треба мек путер, а дотогаш ви стоел во фрижидер, ставете вжештена чаша над него и веднаш ќе омекне, а нема целосно да се растопи.

8. Виното полесно ќе го отворате ако претходно малку го чувате во исправена положба.

9. Честа грешка, садот во кој готвите, секогаш го преполнувате.

10. Совршено потпечен рендан кашкавал на готвено јадење можете да добиете само ако го ставите во рерна 5 минути пред да завршите со печење на јадењето. Така ќе биде меко и совршено растопено инаку, ќе биде претврдо и тешко за јадење.

11. Ако даската за сечење ви се лизга, секогаш под неа ставајте пешкир или крпа.

12. Кога правите пире, секогаш е подобро да ставите загреано млеко на компирите.

13. Ако ви требаат многу варени јајца за краток период, најдобро е да ги печете во рерна, наместо да ги варите во сад. Така ќе бидат рамномерно подготвени и нема да испукаат оние кои се најдолу.

14. Ако немате мајонез, а немате време да тркнете до продавница за да купите, секогаш може да направите сами, набрзина. Ставете во блендер едно јајце и 150ml маслиново масло.

 

 

 

 

08.02.2018 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа