Уживајте во есента - од четврток се очекува промена на времето

 

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

И во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток се очекува повремено зголемување на облачноста. 

 

 

 

16.10.2018 - 07:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега