ВИДЕО: Потоп во цела земја - топењето на снегот и обилните врнежи ги изненадија сите

Повеќе од стотина луѓе спасени се денеска од големи поплави во југозападна Норвешка.

Норвешките медиуми пренеле дека неколку лица од изолираните предели се евакуирани со хеликоптери, како и дека обилните врнежи и топењето на снегот во неделата предизвикале излевање на реките во регионот Опланда, Сонгон Фјордане и Хордланд.

Како што е наведено најмногу страдале Скјак и Опланд, каде се поплавени неколку куќи и уништен е еден мост.

Бројни патишта и мостови се затворени за сообраќај поради поплавите и одроните, а некои места останале без електрична енергија, пренесува Јутарњи лист.

Портпаролката на владината агенција за вода и енергија изјавила дека врвот на водениот бран минал, иако постојат опасности од одрони на земјата се додека водата не се повлече.

 

 

 

 

15.10.2018 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега