ВИДЕО: Студентка порача - Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача студентката Симона на денешниот протест против загадувањето. 

– Оваа држава треба да се бојкотира, сите патишта да се блокираат, бидете малку свесни за тоа што го живеете. Вие може ќе си одите за година – две ,  но стапката на смртност ќе порасне, ќе умираме од астма , ќе умираме од рак, респираторните патишта ни се загушени. Доста сме активни само на Фејсбук и Инстаграм , излезете и кажете дека сте дошле да се борите за чист воздух, рече Симона, пренесе Макфакс.

 

 

 

 

17.11.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега