ВИДЕО: Заев на BBC тврди дека над 70% од граѓаните на Македонија го поддржуваат Договорот со Грција

 

Конечно по 27 години од нашата независност мораме да одлучиме каква иднина сакаме и ние ќе ја поддржиме таа иднина. Јас верувам дека над 70 од нашите граѓаните ќе го поддржат тоа, вели премиерот Заев во интервју за BBC.

Премиерот вели дека анкетите му даваат простор да биде сигурен дека референдумот ќе успее.

„На пример анкетите покажуваат дека над 75% поддржуваат влез во НАТО и ЕУ. Повеќе од 70% од нашите граѓаните веруваат дека ова прашање требаше да се реши подоцна или сега е добар момент. Повеќе од 75% ќе излезат на референдум и ќе гласаат.“ - вели Заев за BBC.

Прашан за опозицијата, Заев вели дека неосновано го обвинуваат дека работи спротивно на Уставот.

- Тие не обвинуваат дека го кршиме Уставот и законите со Договорот со Грција но во теорија ова е само договор на кој го има мојот и потписот на нашиот МНР. Ќе има референдум, институциите по тоа ќе гласаат за промени на Уставот.  Има процес и по тоа во кој Грција Договорот ќе го ратификува во Парламентот и тогаш Договорот ќе биде активен.

 

 

 

11.07.2018 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега