ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна одлуката на Апелација, паднаа на тест на владеење на правото

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на одлуката на Апелација да ги продолжи притворите:

- Скандалозна е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите во луѓето во врска со настаните во Собранието на 27 април. Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата“, стои во соопштението на партијата, според која одлуката на Судот е политичка.

За потсетување, вчера Апелација реши да ги отфрли жалбите за настаните на 27. април како неосновани.

 

 

 

13.01.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа