Заев: Нема да дозволам никој да ја одземе шансата на граѓаните, ако мораме ќе направиме и импичмент

Дали планирате да го укрупнувате парламентарното мнозинство, гласеше прашањето на водителката на „Само вистина“ на Канал 5 во која вечерва учествуваше премиерот Заев на што тој одговори дека тие би го направиле тоа, но само доколу има потреба за импичмент, и тоа ако мора.

- Ако мораме ќе направиме и импичмент на преседателот и тоа само ако мора. Нема да дозволам никој да ја одземе шансата на граѓаните да одлучат каква иднина сакаат. Таа одлука ќе ја имаат граѓаните и ние мора да ја почитуваме, и знам дека ќе добиеме поддршка и дека идните генерации ќе ни бидат благодарни. Тој што ќе се обиде да го сопре тоа, не се заканувам, само сум реален, но ќе направам се за да ја отстранам таа блокада и да дозволам граѓаните да се изјаснат.- рече Премиерот Заев

 

 

 

 

19.06.2018 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега