Заев вети оставка ако референдумот биде неуспешен - што е потребно за да успее?

 

Премиерот Заев најави оставка ако референдумот биде неуспешен, но останува нејасно што премиерот подразбира под успешен референдум, особено ако се знаат изјавите кои Заев ги даде во последните неколку месеци.

Порталот Курир издвои 3 од нив, вклучувајќи ја и онаа дадена денеска.

-Јас сум толку сигурен дека ќе успее референдумот во Република Македонија, што одговорот е ДА, ќе заминам. Ако не успее референдумот во Република Македонија, тоа значи дека едни од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да ги постигнам, убедувајќи го мнозинството од овој народ, рече Заев на 25.06.2018-та.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та.

-Одлучуваат тие што гласаат.Тие што не гласаат не се ни бројат. Така да, ако има мнозинство со против, макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и парламентот, сите пратеници, го поништуваме договорот со Грција, рече Заев на 25.09.2018-та.

Согласно законот, за успешен рефендум се смета оној на кој излегле повеќе од половината запишани гласачи на единствениот избирачки список и најмалку половина од нив гласале „За“

 

 

 

25.09.2018 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега