Заев: ВМРО-ДПМНЕ работеше за НАТО покана и треба да се радува

 

Премиерот Зоран Заев во интервју за НОВА ТВ, кажа како се чувствува по добиената покана за преговори за членство во НАТО Алијансата и тоа чувство го спореди со денот кога му се родиле децата.

-Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот. Среќата што ја чувствувам со играње на срцето во градите е иста како кога ми се раѓаа децата. Најголема среќа. Ова е првата стратешка цел на мојата земја Република Македонија. Среќен сум како што се веројатно среќни и сите граѓани во нашата земја. Има уште многу да се направи но сега сме дополнителни охрабрени. Не само јас и Владата и Собранието туку и сите наши граѓани. Сега е време секој да ја преземе одговорноста и да одлучи за каква иднина се залага и каква иднина имаме должност да им обезбедиме на децата и следните генерации, со насмевка вели тој.

Тој додаде дека очекува среќата да биде споделена и со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие се дел од овој успех.

-Јас очекувам и претседателот Христијан Мицкоски да биде среќен а и цело ВМРО-ДПМНЕ, како што јас сум радосен и целиот СДСМ. Тоа е заедничка цел. И тие многу работеле во минатото и сите други поранешни влади. Ова не е затоа што ние сега ова го завршивме, можеби нам ни се падна честа да ја завршиме работата, но сите се заслужни за придобивките од полноправн членство во НАТО кое веќе ни е на дофат. И секако датумот за почеток на преговори со ЕУ, вели Заев и додава дека очекува опозиционерите „конечно да ја ослободат душата и да се израдуваат, треба сите да се радуваме” кажа Заев.

 

 

 

11.07.2018 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега